Данок на добивка: 10 %, поедноставен режим и праговите
Податоците важат за 2026 · последна проверка 15.09.2026
Општата стапка на данокот на добивка е 10 %. За мали и микро фирми постои втор пат — данок од 1 % на вкупниот приход. Која важи зависи од висината на вкупниот приход и од дејноста, а изборот се прави преку даночниот биланс.
Бројки
- Стапка на данок на добивка
- 10 %
- Стапка на данок на вкупен приход (поедноставен режим)
- 1 %
- Вкупен приход до кој фирмата не плаќа данок
- 3.000.000 ден.
- Опсег во кој може да се избере данок на вкупен приход
- 3.000.001 – 6.000.000 ден.
- Рок за поднесување даночен биланс15 март за обврзник што годишната сметка ја поднесува во електронска форма до Централниот регистар.
- 28 февруари
Трите скалила
Фирма со вкупен приход до 3.000.000 денари не плаќа данок. Фирма со вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари може да избере да плати 1 % на вкупниот приход наместо 10 % на добивката. Над 6.000.000 денари важи општиот режим — 10 % на добивката утврдена во даночниот биланс.
Кои дејности се исклучени
Без оглед на висината на вкупниот приход, поедноставениот режим не важи за банкарска, финансиска и осигурителна дејност, ниту за дејности од областа на игрите на среќа и забавните игри.
Каде се пријавува и до кога
Изборот се прави преку даночниот биланс — образец ДБ за оданочување на добивка, односно образец ДБ-ВП за данок на вкупен приход. Рокот е 28 февруари, односно 15 март за обврзник што годишната сметка ја поднесува во електронска форма до Централниот регистар.
Чести прашања
- Колкава е стапката на данокот на добивка?
- 10 % на добивката утврдена во даночниот биланс.
- Кога се плаќа 1 % наместо 10 %?
- Кога вкупниот приход е од 3.000.001 до 6.000.000 денари и обврзникот ќе го избере тој режим преку образецот ДБ-ВП. До 3.000.000 денари не се плаќа данок.
- До кога се поднесува даночниот биланс?
- До 28 февруари, односно до 15 март ако годишната сметка се поднесува во електронска форма до Централниот регистар.
Како го прави Стожер
Стожер ја составува годишната сметка — Биланс на состојба и Биланс на успех — во формата што ја бара Централниот регистар, а СПД се пополнува кога во поставките е внесена шифрата на главната дејност.
Поврзани водичи
Извори
- УЈП — Поедноставен даночен режим за мали и микро бизнисипрочитано 15.09.2026
- УЈП — Годишен данок на вкупен приход (водич)прочитано 15.09.2026
- Министерство за финансии — Данок на добивкапрочитано 15.09.2026
Стожер не дава даночни или правни совети. Страницава пренесува што пишува во прописот и го наведува изворот; за примена на конкретен случај меродавни се прописите и објавите на УЈП.